Холи Спринг е фотографка од Нов Зеланд која на својата ќерка Виолет сака да и покаже колку е убава и посебна без разлика на тоа што е родена без лева рака.
Со фотографиите сака да покаже на својата ќерка Виолет како за нејзе нема граници и дека може да постигне се што ќе посака во животот иако е родена без лева рака. Холи Спринг е фотографка од Нов Зеланд која со своите бајкови фотографии го освои светот. Се започнало откако Виолет за малку ја избегнала смртта откако се родила. Холи тогаш сфатила дека нема ниеден убав спомен за нејзе.
– Мојот сопруг тогаш ми купи камера и од истиот момент фотографирав како расте и станува се посилна. Мојата ќерка е моја муза и мое срце. Ме инспирира да ја следам својата страст и да ги споделам овие фотографии и дигитална уметност со вас – рекла откако што една од нејзините фотографии победила на натревар.
Погеднете ги фотографиите, а доколку сакате да пронајдете повеќе можете да ја посетите нејзината веб страна но и нејзиниот Фејсбук.