Пензионираниот ѕидар и повремен рибар, 71. годишниот Жоао Переира де Соуза од островското село во близина на Рио пред 5 години на плажата пронашол мал пингвин заглавен помеѓу камења.
Птицата полека умирала од глад, а телото и било покриено со масни и црни слоеви од масло. Пингвинот кој го нарекол Диндим, Соуза го однел во својот дом и го негувал додека да заздрави.
Откако Диндим целосно заздравил, рибарот го вратил во морето, без да очекува дека некогаш повторно ќе го види.
Но не можел ни да замисли дека по неколку месеци пингвинот ќе се вратил на островот да го бара.
Денес, Диндим, осум месеци годишно минува со Соуза, а остатокот од годината го минува хранејќи се на брегот на Аргентина и Чиле. Се верува дека оваа птица плива околу 8.000 километри за да се врати кај Соуза.
Соуза вели дека ја сака оваа птица како родено дете, и дека верува дека и птицата го сака него.
– На никој друг не му дозволува да ја допира. Доколку некој се обиде, таа го клукнува. Мене ми спие на раце, ми дозволува да ја капам и да ја хранам со сардини – вели Соуза.
Во последно време Диндим останува со него и по 11 месеци, а заминува дури кога ги менува перјата. Иако сите биле убедени дека птицата нема да се врати, не биле во право. Во главно се враќа во јуни, а заминува дома во февруари.
Секогаш кога ќе го види Соуза, Диндим среќно мавта со опашката и испушта звуци на задоволство.