Истражувачите откриле дека оптимизмот го јакне имуниот систем и им помага на луѓето да применат поздрав начин на живот.
Оптимистите се осеќаат подобро, и водат грижа за себе, додека пак песимистите ги потврдуваат своите стравови со тоа што имаат повисок крвен притисок и се подепресивни.
Можете да одберете да бидете нерасположени и да имате негативни мисли или инспиративни, позитивни мисли. Вашиот став го одредува вашиот начин на размислување, што за возврат го одредува вашето однесување и резултатите во животот. Многу студии покажуваат дека ќе постигнете многу повеќе, ке бидете посреќни и ќе живеете подолго доколку ја одберете опцијата да бидете позитивни.
Еве неколку совети за да го подобрете вашето позитивно размислување.
Верувајте во себе
Успешните луѓе веруваат во себе, дури и тогаш кога не им оди се по планот. Се покажало дека вербата во себе е многу поважна од интелегенцијата и образованието во смисла на животните постигнувања. Важна почетна точка е вашето верување дека сте во состојба да ја постигнете својата цел, било да е мало или големо достигнување.
Поставете си прегледни и јасни цели
Ако немате дестинација, тогаш патувањето ви е по случаен избор. Ако имате амбициозни цели, но достижни, тогаш веќе сте на патот да ги остварите.
Формирајте ментална слика на својот успех
Замислете се себеси како ги постигнувате вашите цели. Уживајте и осетете се како вашата книга е веќе објавена, дека сте направиле голема успешна продажба, дека сте завршиле со говор пред огромен аудиториум и сте добиле огромен аплауз, дека сте ја освоиле трката, дека го живеете својот сон. Како вашиот ум ќе ја изгради сликата, вие ќе тежнеете кон остварување и во реалноста, и токму тоа ќе ви помогне да го направите првиот чекор.
Превземете одговорност
Немојте да изигравате и бидете жртва. Не ги окривувајте другите или пак околностите. Вие сте капетанот на бродот и вие одлучувате каде ќеоди вашиот брод и што ќе се случува на него. Ако не сте задоволни со својот живот и со моменталниот пат на кој сте, тогаш направете план да го промените тоа и секако превземете акција.
Разговарајте со себе
На пример на почетокот од денот можете да си кажете дека денес ќе направите нешто навистина добро. Денес ќе напредувате и ќе ги постигнете вашите цели. Кога работите ќе тргнат на лошо, бидете искрени со самите себе и кажете си дека треба да прикочите. Тоа е ваша вина, и можете многу да наушите од нејзе.
Елиминирајте го негативното
Користите позитивни разговори со себе како би ги преминале сомневањата и не дозволувајте негативните мисли да влезат во вас. Намерно елиминирајте ги грижите за тешкотиите и препреките со позитивен став: ,, Јас можам да го поминам овој предизвик”. Не ги игнорирајте проблемите- соочете се со нив на конструктивен и оптимистички начин.
Дружете се со позитивни луѓе
Помеѓу вашите пријатели, роднини и колеги, веројатно постојат оптимисти, позитивни, динамични луѓе и некој негативни, песимистични и цинични луѓе. Размислете на тоа за момент, а потоа изберете пример за секој. Би требало да поминувате поголемо време со позитивните, а помалку со негативните луѓе. Оптимистите ќе ве инспирираат а песимистите ќе си ги хранат своите сомневања и вие тогаш ќе бидете нерасположени.
Опуштете се и уживајте
Опуштете се малку. Ако можете да се смеете и тогаш кога не ви оди баш се по план,тогаш можете полесно да се носите со ситуацијата во која се моментално наоѓате. Не пробувајте да направите се одеднаш. Немојте да се преоптоварувате со работа. Смеењето е најдобар лек а притоа и најефтин, па пробајте да одржите рамнотежа помеѓу работните односи, физички активности и игри.
Блефирајте,за почеток
Ако навистина сте загрижени, нервозни, или недоверливи, тогаш преправајте се дека сте сигурни и самоуверени. Просто, за говорница, насмевката пред публика делува како да сте позитивни, професионални и успешни. Можете да ја преварите публиката, и што е уште поважно, можете да го преварите вашиот мозок и тој ќе ја прифати вашата состојба и ќе ја елиминира несигурноста. Тогаш почнувате навистина да се однесувате онака како што сакате.
Ако како позитивни постигнувате повеѓе, живеете подолго. И сте посреќни од негативните луѓе, зошто би тогаш некој избрал да биде негативен? Одговорот е дека многу луѓе мислат дека негативното размислување им е едноставна опцијакоја е поудобна и им нуди помали предизвици. Немојте да паднете во таа замка. Размислувајте позитивно!
Ти се допаѓа? Следи не на Фејсбук и прочитај уште милион вакви текстови…