Лицемерие, начин на функционирање или зло?

Спонзорирани линкови

Се сеќавате кога на колешката и ги пофаливте чевлите, кои беа далеку од вашиот вкус, или фустанчето кое на другарка ви и стоеше како преполна вреќа?

Сетете се кога на момчето му кажавте колку ви недостига, а вие ја имавте најдобрата забава во животот со пријателките или кога не шефицата и посакавте среќна нова година, а воопшто не го мислевте тоа.

Колку пати ќе донесеме вакви одлуки во животот за да ублажиме одредени ситуации? Уште колку вештачки насмевки ќе поделиме со цел да го зачуваме нашиот, но и мирот на останатите?

Работното место – театарска сцена!

Лицемерието како да стана начин на функционирање. На работа двете колешки бурно си ги фалат новите капутчиња една со друга, а зад грб се што сакаат е да се фатат за коси и да го истурат целиот гнев кој го носат една за друга. Маската на работното место како да стана вистинската формула за успех.

Сите станаа актери во средината наречена совршена работна атмосфера, а потајно очајнички кликаат со маусот на „најдиработа“.

Сет револт останува да натиска кај градите од левата страна, а вие ставате насмевка, како да сте најсреќни на свет.

Мравки во машинеријата живот!

Дали станавме злобни и правиме лице кај ќе стигнеме или тоа е цената на нашиот живот во цивилизација, па мора да правиме баланс за да успееме да функционираме во морето на мравки?

Да, сите ние сме мравки, така мали, така ситни во една огромна машинерија на произведувачи, препродавачи и консументи, некогаш ни сервираат, некогаш сервираме лицемерие за да не бидеме единствената алка која го расипува магичниот круг.

НОВА ТЕОРИЈА: Опстанување на најлицемерните!

Дарвиновата теорија за селекција на видовите и опстанување на најуспешните, полека се претвора во опстанување на најлицемерните.

Вработениот кој најслатко ќе се смее и најпотчинето ќе кимнува со главата пред желбите на останатите е оној кој најдолго ќе опстане.

Девојката која ќе премолчи за новиот демоде фустан на другарката, нејзините вишок килограми и погрешниот избор на дечковци ќе биде онаа која ќе има најголем број на пријателки.

Партнерката која ќе му кажува на дечкото кооолку многу го сака, а зад грб го изневерува при првиот флерт со некој тип, ќе биде најсаканата.

Внуката која еднаш безволно во денот ќе и се јави на баба си ќе добие најголем џепарлак.

Дали лицемерието е неопходен начин на функционирање или чисто зло?
Ти се допаѓа? Следи не на Фејсбук и прочитај уште милион вакви текстови…

 

Сподели на:

Спонзорирани линкови

OСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Селебрити Филм Музика МК Сцена Ноќен живот Интервју
Концерт на Теа Таировиќ на 30 ноември во Скопје
Интервју со Премиер Бенд
Емотивна празнична честитка од ДСУ за рехабилитација и образование ,,Свети Наум Охридски ” Скопје
Лајфстајл Здравје Мода и убавина Wake up Травел Родители и деца Дом и дизајн Кулинарство Спорт
Доколку сакате ова лето цела плажа да „одлепи“ по вас, правете ја оваа вежба!
Писмата до Дедо Мраз
РОТА ВИРУС кај новороденчиња и мали деца, реагирајте веднаш
Љубовни врски Афродизијак Камасутра Машки свет Женски свет Gentleman's Choice Lady's Choice
Заљуби се во некој што повеќе ќе ти ја сака душата отколку телото
Искрен совет до мажите: Како да сакате една девојка?
Прекрасни совети од луѓе кои со години биле сами и на крај пронашле вистинска љубов
Тематски хороскоп Хороскоп
Петте најубави жени според хороскопскиот знак
Зошто треба да се заљубите во една Вага?
Секој хороскопски знак има посебен талент – Дознајте кој е вашиот
Занимливости Мистерии Луд свет Уметност Know How Ретро
Дино Парк во Скопје – Вистинска атракција за сите генерации
Комуникативни сте, и менаџментски спремни? – „План -б“ Ви нуди соработка: Работите кога сакате, колку сакате!
Преслатко: Погледнете како танцува ова девојче
Фото стории Забава ТВ Направи сам Факти и цитати Тестови и квизови Читална
Избор
После колку удари се предаваш?
Предновогодишна генералка
Наука Интернет Хардвер Софтвер Мобилни Гаџети Gamereport Футурама
Студенти на УГД креираа паметна апликација која може да го спаси и вашиот живот!
Интернетот не e само игра. Кликај безбедно… Вип започнува со едукативна програма за деца за безбедно користење на интернет
InTech X Meets Massive Interactive на 5-ти декември во МКЦ, Скопје
Новитети Fun News Концепти Сајмови Совети
Ford го претстави новиот Focus – Најиновативeн, динамичен и возбудлив Ford досега
Деца измислија „зелен“ начин како да го одржуваат ветробранското стакло чисто
Нова мобилна апликација за возачите на Ford