Прво, не го пишувам овој текст со цел за да те воодушевам, го пишувам бидејќи можеби само вака можам да ти пренесам колку многу ми значиш.
Ти си од тие ретките, двајца луѓе во мојот живот пред кој никогаш не се плашам искрено да зборувам за сите нешта кои ми значат, за сите оние нешта кои знаат да ме растажат, за сето она што на некој начин го претставува мојот живот… Работи кои не можев да ги кажам ниту на мојата фамилија.
Покрај твојот разговор се чувствувам толку смирено, а заслужна за тоа е таа твоја способност да им прикачиш насмевка на лицето и сигурност во срцето на луѓето околу тебе.
Не ме познаваше, но сепак, знаеше да застанеш до мене и секогаш да ми дадеш поддршка. Секогаш беше за мене тука, секогаш и јас се трудев да бидам за тебе.
Твоите мудри совети на искусна и паметна личност се повеќе од добредојдени. Тие се како капка вода во пустина, секогаш на вистинското место, во вистинско време. Иако живееме на различни, меѓусебно далечни места, сепак ми стана премногу блиска пријателка, зазема голем дел од мојот живот, нераскилнив дел. Чест ми е што си во мојот живот, ми го разубави милион пати.
Знам дека ти згрешив повеќе пати, повеќето за глупости, но сето тоа беше затоа што плашам дека целосно ќе те изгубам од мојот живот. Знам дека длабоко во себе го знаеш и и сето ова и никогаш не сум имал ниту една мисла да те повредам тебе или некој од твоите најблиски.
Знај дека можеш да ги смениш сите навики, да почнеш да се облекуваш чудно и да се интересираш за чудни работи, но тоа нема да ме спречи да те чувствувам толку многу блиску како и претходно. Нас не ни треба заеднички интереси за да се поврземе. Веќе сме поврзани. Не ни треба да ја сакаме истата музика или работи за да останеме пријатели.
Се што посакувам е да останеш дел од мојот живот, да останеш таа росна капка, а јас ти ветувам дека нема да направам ниту што би ја довело до ризик таа привилегија.