„Дискавери Сајанс”, единствената телевизиска мрежа целосно посветена на науката, гордо најавува дека трета година по ред ќе го поддржи „Светскиот ден на науката”, годишна иницијатива на УНЕСКО која се одбележува на 10 ноември.
Оваа година каналот ја претставува кампањата IMAGINE THE FUTURE (Замислете ја иднината), која ќе ве поттикне на размислување за светот на науката и технологијата во наредните 30 години, како и на начинот на кој двете индустрии ќе ја одиграат клучната улога за развојот на човекот.
За одбележување на „Светскиот ден на науката” и футуристичката тема која ја избра каналот, на веб страната на „Дискавери Сајанс” и фан страната на Фејсбук, ќе се емитира 360/VR скок со падобран. Во соработка со Army Parachute Association, скокот ќе ги држи гледачите во неизвесност се додека двајцата скокачи успешно не слетаат на големото Дискавери Сајанс лого. Adidas miCoach Elite Team System ќе овозможат на гледачите да ја проследат на телевизиските екрани и науката позади скокот со помош на биометриско следење на скокачите. Посебни снимки од подготовките исто ќе бидат достапни на сајтот, а 2D верзијата ќе биде емитирана на телевизискиот канал.
Воведни емисии посветени на Светскиот ден на науката
Во неделата пред Светскиот ден на науката на каналот ќе се емитираат програми со широк распон на теми како цивилизација, транспорт, вселена, роботика, екстремни временски услови, па се до медицина и околина.
На 10 ноември гледачите ќе проследат избор на футуристичка програма како премиерата на „Блиска средба со Јупитер” кој ќе се обиде да даде одговор на тајните за формирањето на Земјата и како НАСА го проектираше леталото Џуно кое по петгодишното патување стигнува до најголемата планета во Сончевиот систем.