Љубовта со сила ме тера да мислам на тебе.
Го замислувам твојот лик пред мене до ден денес.
На сон ми доаѓа твојот изглед.
Твојата насмевка која за пари ме напушти.
Бев спремен на се за нас двајцата.
Дури и семејството да го напуштам.
Дури и од сопствените соништа да се одречам.
Најтажно од се е тоа што моите солзи беа пролеани за тебе.
Ти никогаш не го напушти твоето место во моето срце.
Бевме разделени. Но далечината не сме спречи да мислам
се уште на нас, да сонувам за нас, со мисла дека еден ден ќе ми се вратиш.
Во секоја моја песна те барам, се обидувам да те пронајдам.
Но ти во секој мој стих живееш, а никако на мене да ми дојдеш.
Звездите си заминаа од небото кога ти ме остави.
Сонцето не изгреваше исто како порано. Сега беше потемно, помрачно.
Некако несреќно, без таа светлина со која силно зрачеше, без таа убавина, без таа силина и нежност…
Знаеш што? Ништо не е како што беше некогаш.
Слушни ги сега моите лелекања како губитник, слушни го мојот крик како птица што мора да ги остави саканите и да замине на југ.
Како мало дете ги допирам сликите на кои што си ти, на заедничките, на оние каде бевме некогаш среќни, заедно, еден покрај друг.
Ама беше тоа старо време. Време каде не се делевме на богати и сиромашни.
А сега, сега парите се ослепувачи, а луѓето како магнет кон нив се лепат.
Така ти ме продаде. За пари. За… Не, не можам да зборувам веќе.
Тешко е верувај. Не е лесно секој ден да живееш со болка.
Премногу е тешко за мене. Товар што не се носи. Болка која не се трпи, со која не се живее.
Кога ќе го читаш ова не плачи. Нема да можам да поднесам уште една тага.
Затоа не читај го. Не мисли на мене. Повеќе ќе ме боли. Ќе ме мачи.
Очите ќе ги затворам. И ќе ставам крај на се. За мене и за тебе.
За нас и за се наше.
– Андреј Јанков