Девојки, ЗАБАВА ви го дава одговорот на прашањето кое ве копка за Зоранчо Пурески, а не сте имале храброст да му го поставите!

Спонзорирани линкови

Зоранчо Пурески е љубител на уметноста и создавач на еден интересен стил на пишување во кој е вткаена целата негова љубов, талент и чувството за креативност, стил со кој го освои срцето на илјадници фанови ширум Македонија и пошироко.

Колку години пишувањето е твоја љубов?

Пишувањето, како љубов, одамна ми е. Љубител сум на збор исткаен со чувства уште од многу одамна. Но, активно со пишување, две години.

Од кое дело си најмногу задоволен?

Не можам да издвојам посебно дело, мисла, збор. Се обидувам секаде да ставам чувство, дел од душата. Дека тоа најубаво се препознава.

Пишувањето бара голема концетрација, креативност и идеи. Што најчесто те инспирира за да го земеш пенкалото во рака?

Животот. Болката. Љубовта. Среќата. Радоста. Луѓето. Инспирација има многу, само треба да ја препознаеш. И да те зграпчи онака убаво, па да те натера да ставиш душа на хартија или статус.

Колку ти лично се пронаоѓаш во своите текстови и дали некогаш си пишувал од лични искуства?

Се пронаоѓам во секој збор. Верувам и стојам позади тоа што го пишувам. Се она пишано е нечие искуство. Голем дел мое, се разбира.

Дали пишувањето е твојот единствен избор, или постои љубов и кон некоја друга професија?

Постои љубов и кон правото, секако. Јас сум човек кој е многу љубопитен и ме интересираат многу работи. Но, во пишувањето се пронаоѓам себе си, онаков каков што се замислувам, гледам, чувствувам.

Активен си, вежбаш, спортуваш?

За жал, многу малку. Порано повеќе, сега помалку. Не дека наоѓам оправдување во нешто, виновен сум за тоа и ми е јасно. Но, ете, во иднина ќе се промени и тоа.

Сведоци сме имаш илјадници фанови од спротивниот пол кој те обожаваат. Дали Зоранчо ја пронајде својата понежна половина во некоја од нив?

Се’ уште не. Можеби таа ќе ме најде некаде, дека мене, ете, не ми иде. Велат дека љубовта понекогаш не зависи од нас, дека ќе ти се случи кога најмалку очекуваш. Ете, нека си знае дека не ја очекувам, хаха.

Што ќе им препорачаш на сите оние кои ја читаат ЗАБАВА?

Да не се плашат да љубат. Да сакаат. Да знаат дека во животот најважно е да имаш некој кој те сака и некој на кого си му се’. Да знаат да бидат трпеливи и да веруваат дека ги очекува нешто убаво. Понекогаш љубовта не доаѓа во убаво пакување, туку мора сам да ја направиш и обликуваш. Не се откажувајте лесно од оние кои ги сакате и имајте повеќе разбирање! Ве сакам!

Сподели на:

Спонзорирани линкови

OСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Селебрити Филм Музика МК Сцена Ноќен живот Интервју
Концерт на Теа Таировиќ на 30 ноември во Скопје
Интервју со Премиер Бенд
Емотивна празнична честитка од ДСУ за рехабилитација и образование ,,Свети Наум Охридски ” Скопје
Лајфстајл Здравје Мода и убавина Wake up Травел Родители и деца Дом и дизајн Кулинарство Спорт
Доколку сакате ова лето цела плажа да „одлепи“ по вас, правете ја оваа вежба!
Писмата до Дедо Мраз
РОТА ВИРУС кај новороденчиња и мали деца, реагирајте веднаш
Љубовни врски Афродизијак Камасутра Машки свет Женски свет Gentleman's Choice Lady's Choice
Заљуби се во некој што повеќе ќе ти ја сака душата отколку телото
Искрен совет до мажите: Како да сакате една девојка?
Прекрасни совети од луѓе кои со години биле сами и на крај пронашле вистинска љубов
Тематски хороскоп Хороскоп
Петте најубави жени според хороскопскиот знак
Зошто треба да се заљубите во една Вага?
Секој хороскопски знак има посебен талент – Дознајте кој е вашиот
Занимливости Мистерии Луд свет Уметност Know How Ретро
Дино Парк во Скопје – Вистинска атракција за сите генерации
Комуникативни сте, и менаџментски спремни? – „План -б“ Ви нуди соработка: Работите кога сакате, колку сакате!
Преслатко: Погледнете како танцува ова девојче
Фото стории Забава ТВ Направи сам Факти и цитати Тестови и квизови Читална
Избор
После колку удари се предаваш?
Предновогодишна генералка
Наука Интернет Хардвер Софтвер Мобилни Гаџети Gamereport Футурама
Студенти на УГД креираа паметна апликација која може да го спаси и вашиот живот!
Интернетот не e само игра. Кликај безбедно… Вип започнува со едукативна програма за деца за безбедно користење на интернет
InTech X Meets Massive Interactive на 5-ти декември во МКЦ, Скопје
Новитети Fun News Концепти Сајмови Совети
Ford го претстави новиот Focus – Најиновативeн, динамичен и возбудлив Ford досега
Деца измислија „зелен“ начин како да го одржуваат ветробранското стакло чисто
Нова мобилна апликација за возачите на Ford