Покрај големиот број обврски наутро, често забораваме да направиме нешто добро за нашето здравје секое утро. Сепак постои брз и здрав ритуал за кој ви е потребна само чаша млака вода со половина исцеден лимон.
Напитокот е богат со антиоксиданси, има одличен ефект на имунитетот, метаболизмот, изгледот и чувството на глад. Напитокот со вода и лимон треба да биде на собна температура.
Подобар имунитет
Напитокот е богат со витамин Ц кој го јакне имунитетот. Освен тоа, нутриционистите велат дека витаминот Ц од лимонот му помага на телото да го апсорбира железото, особено она кое го наоѓаме во намирници кои не се од животинско потекло.
За подобро варење
Сокот од лимон е сличен на структурата на соковите од желудникот и има позитивно влијание на гастроентеролошкиот тракт.
За регенерација на кожата
Сокот од лимон е одличен во борбата против стареењето на кожата. Антиосидансите од лимонот се борат против слободните радикали кои предизвикуваат страеење. Витаминот Ц од лимонот помага во изградба на колаген кој ги држи брчките под контрола.
Ја балансира Ph вредноста
Чаша вода со малку лимон ја намалува киселоста на организмот но и содржи лимонска киселина која слижи како анти создавач на киселини во телото.
За подобар здив
Антисептичките својства на лимонот ги убиваат сите лоши бактерии во устата и делуваат дезинфекциски. Чаша лимон и вода наместо утринско кафе е подобар избор.