Доколку сметате дека поседувате амбициозност, желба за компромис и комуникативност, а, притоа сте со одлични менаџментски способности, тогаш сте идеални за оваа работа.
Секогаш сте замислувале работа која не бара од Вас постојано да сте на работното место и да сте со лимитирано време за одмор, или не сте задоволни од износот на платата, па, посакувате „да капне“ нешто од страна? – ова е идеално, примамливо и едноставно неодоливо.
Имено, „План б“ Ви нуди можност за заработка на дланка. Ваше е да се запознаете во целост со понудите кои ги нуди тимот на „План б“, и истите да ги пласирате кај сопствениците на ресторани, игротеки, цвеќари и слични јавни објекти, заедно со ценовник за секој пакет поединечно.
Вие практично ќе бидете врската за посредништво помеѓу „План б“ и споменатите објекти, а за тоа ќе добиете парична награда.
Се прашувате колку часа дневно, или колку денови неделно мора да работите? – НЕ, не мора постојано да работите, затоа што Вие, и само Вие одлучувате кога и колку ќе работите, и колку пари ќе заработите од сработеното.
За почеток е потребно да знаете дека „План б“ нуди можност за склоп на цел пакет ангажман за организирање на една свадба, роденден, или каков и да е друг вид на забава. Пакетот вклучува понуда на ресторан, понуда на музичка група и на кетеринг услуга.
Се надеваме дека Ви доловивме богат дел од целиот проект. За повеќе информации исконтактирајте го тимот на „План б“ на нивниот сајт www.planb.mk, на нивната официјална Фејсбук страна, или на телефонскиот број078/288-493. На сајтот на „План б“ можете да се запознаете со принципот на функционирање и со содржината на пакетите.