Секојдневно се опкружуваме со луѓе кои понекогаш одлично влијаат врз нас и нашето расположение но постои и една група на луѓе кои едноставно ве трујат и ве бомбардираат со еден куп негативности од кои ви е потребно прилично долго време да се вратите во нормала…
Честопати читаме натписи во кои не предупредуваат да внимаваме на исхраната која е најголемиот виновник за сите болести на денешницата… Овде не би се согласила….Постои уште едно многу поголемо зло од нездравата исхрана – токсичните пријателства !
Пријателства, роднински врски и сл. кои најчесто се еднострани. Каде што вие вечно треба да бидете внимателен слушател и апсорбирач на целата таа енергија.. Посебно ако сте емотивец и се соживувате со особата која ви раскажува тогаш ви отишол возот…
А постојат и еден друг вид на луѓе, оние кои вечно ќе ви приговараат на вашите потези како потполно грешите во секоја работа која ќе ја напраавите, и вечно ке бидете критикувани за секој ваш потег…. Колку и да ве прави среќни, никогаш нема да ја добиете целоснота подршка која вие таму ја давате….
Знчи такви луѓе не ! Тоа се енергетски вампири кои освен што ке ви ја црпат енергијата и ке ве дотолчуваат ништо друго нема да направат во вашиот живот.
И последната и не помалку битна категорија на луѓе, оние кои ве копираат во секој ваш чекор… Едноставно вашиот карактер го преставуваат ко нивни… Вашите пријатели наеднаш почнува да ги собира се со цел да се постигне ефектот на добра личност, одлично однесување, со еден збор да се натураат у секоја ситуација и момент со спектакуларни впечатоци… Вашите навики, места на движење, па дури и може малку смешно ќе звучам и вашата омилена храна наеднаш станува нивна омилена…
Држете се понастрана од луѓе кои ве трујат и лошо влијаат врз вас и вашето здравје.