Насекаде околу нас маски…И кога зборувам за маски не мислам на оние што не заштитуваат од актуелниот вирус… Напротив, овие маски се од оние опасните за околината кои предизвикуваат многу солзи кога ќе паднат. Ама некако луѓето како да се имаат соживеано со нив и поинаку и не знаат да функционираат. Задоени со злоба, хранети со алчност и не ни знаат поинаку. За нив животот е борбено поле во кое секој и секого го гледаат како потенцијална опасност и најчесто напаѓаат без причина и без повод. Водени со мотото дека е подобро да нападнат пред да бидат нападнати па секаде сеат злоба, пакост и штета и сето тоа додека ви ја сервираат својата љубезност и помош без доза на резерва. И најчесто оние искусните знаат како со нив, но наивните најчесто се нивна омилена мета. Се хранат од нив, им го вдишуваат животот и кога ќе осетат дека исцедиле се продолжуваат понатаму. А кога ќе се најдат загрозени, тогаш се најголемите жртви. Ги вадат своите солзи, зборови, емоции и пукаат со нив се додека не сфатат дека со вода во железо не можеш. Исто како што не можеш и со глава низ ѕид. И од секогаш ме мачеле милион прашања за таквите личности… Дали може злобен човек да биде среќен ? Зарем не ги гушат тие маски ? Да ги стегаат по вратот после секоја пакост? Како спијат навечер ? Зарем не се плашат од кармата? Од моментот кога ќе треба да ги платат своите долгови? Несреќни, бедни мали души.
Ги жалам. Ги жалам зошто никогаш нема да осетат што е вистинска среќа. Никогаш нема да осетат што значи искрена насмевка. Никогаш нема да осетат што значи доверба. Ќе го проживеат својот беден живот трудејќи се да уништат се што ќе допрат и на крај кога ќе станат седи, стари, немоќни и сами, едниственото нешто на што ќе се сеќаваат ќе бидат солзи. Нечиви. Секогаш го добиваме назад тоа што го правиме. Добро. Лошо. Среќа. Тага.
Така да, главата горе, насмевката на вас и со чисто срце вдишувајте го животот. Можеби некогаш ќе бидете и повредени, но секогаш ќе знаете дека вие животот го вдишувате со полни гради. Трудете се секогаш или барем колку што можете повеќе да имате чиста околина околу вас за да може да вдишувате чист воздух кој ќе ги избиструва вашите мисли. Загадениот оставете им го на трујачите. Тој секако е и најдобар за нивните токсични мисли, дела. А и со маски се. Можеби нема да се загушат од сопствените токсини кои ги сеат наоколу. Одј*бите и уживајте