Социјалните мрежи се полни со фотографии од плажа, море, базен, па макар и планина. Сите сакаат да направат совршена фотографија од нивното летување и да го покажат извајаното тело. Ако сакате да се претставите во што е можно подобро светло, следете ги советите на професионалните фотографи…
Истакнете ги деловите на телото за кои имате најмногу самодоверба, макар тоа било грбот. Можете да направите една фотографија со поглед преку рамена.
Ако првите селфи фотографија, направете ја од повисок агол и во полупрофил. Ако ве фотографираат застанати, замолете го фотографот да се спушти малку пониско, за да ви го издолжи телото.
Избирајте една од трите пози: стоичка, седечка или лежечка.
Ако стоите, спојте ги нозете со тоа што едното колено ќе го ставите пред другото, а колкот ќе го исфрлите на страна (со цел да добиете што поголема кривина, за телото да не ви изгледа како столб). Рацете кренете ги во вис или ставете ги на колкови.
Добра опција е да направите фотографија во лежечка положба, бидејќи така ќе ја искористите гравитацијата во своја корист. Еден пример е да легнете на страна, ставете ги нозете една врз друга со тоа што едното колено ќе го спуштите на подот. Со тоа ќе добиете женски облик на телото.
Одлична поза е ако малку го истакнете колкот во страна. Имајте на ум дека фотографијата поседува две димензии, висина и ширина, па рацете и нозете никогаш немојте да ги пружите кон камерата, бидејќи така визуелно се кратат.