Без разлика на личниот стил, секоја идна невеста ја интересираат новитетите во светот на венчавките.
Тоа моментално ги засега невестите чија свадба ќе се одржи идната година, односно во 2018. Најголем проблем е венчалниот фустан, кој си го избира самата невеста.
Претходните години, популарни беа фустаните со долги ракави, а токму такви носеа и принцезата Грејс Кели и војвотката Кејт Мидлтон. Така ваа година попопуларни се оние со длабоки деколтеа и невообичаена тантела.
Сепак во 2018 година стандарните венчаници целосно ќе заминат во заборав, а се ќе се врти околу statement ракавите, кои помалку потсетуваат на крила. Тантелата се уште ќе остане неизбежен детаљ, како и секси кроевите во кои невестите ќе изгледаат привлечно и секси.