За диетата со цитрони постојат неколку верзии, но основно правило кај сите е дека мора да изедете половина цитрон пред секој оброк? Зошто? Ова овошје содржи ензими што најбрзо ги согоруваат мастите, што подоцна ги користите како енергија.
Во некои верзии калориите се ограничени на 800 дневно, но во други се вели дека можете да јадете додека не се заситите. Како и да е, диетата направи цела деценија и главно слабеењето се должи на ограничување на калориите.
1.Предност: цитроните не содржат масти, имаат минимално количество калории, а изобилуваат со витамин Ц. Црвениот цитрон содржи и бета-каротен.
2.Мана: диетата е премногу строга, калориите се ограничени, а цитроните не содржат протеини, растителни влакна, некои витамини и минерали неопходни за организмот.
3.Дали ви одговара оваа диета?
Преку листата со карактеристики ќе можете да заклучите дали диетата одговара на вашите животни навики.
Траење на диетата: една до три недели. Дозволено јадење во ресторан: само еднаш неделно. Алкохол: забранет. Кофеин: се препорачува. Посебна храна: да, цитрони. Вегетаријанска: одлична е и за тие што не јадат месо. Фамилијарна: не, мора да готвите специјално за себе.
4.Пример за мени:
Појадок: половина цитрон, може и исцеден без шеќер. 2 варени јајца и две парчиња сланина.
Ручек: половина цитрон, салата и пилешко месо.
Вечера: половина цитрон, зеленчук и месо.
Ужина: млеко со ниска масленост или џус.
5. Мислење од стручно лице:
Постојат истражувања во кои се вели дека јадењето половина цитрон трипати во денот, пред секој оброк, може да им помогне на луѓето да симнат многу малку килограми. Станува збор за само 3 или 4 килограми за 12 недели. Но, постои разлика во јадењето нормално и намалување на исхраната плус цитрон пред секој оброк.