Компанијата Royal Caribbean во моментов го гради крузерот наречен Harmony of the Seas за кој тврди дека ќе биде најдолгиот брод на светот.
Крузерот ќе тежи неверојатни 227.000 тони, има 16 палуби, 5.479 соби за гости и 2.747 кабини. Долг е 362.15, што е за малку повеќе од сегашниот рекордер Oasis of the Seas.
Изградбата на овој мегакрузер чини 1,35 милијарди долари, а првата пловидба ќе ја има следната година во април.