Некои родители не се свесни дека треба повеќе да внимаваат кога им ги ставаат имињата на своите децата.
Ова се некои понеобични имиња кои мајките и татковците, очигледно забегани по технологија, им ги давале на своите малечки во изминатите години.
Лајк: Мала Израелка беше наречена по опцијата на “Фејсбук”.
Фејсбук: Името на најпопуларната друштвена мрежа стои во крштеничето на девојче од Египет.
Гугл: Малиот Швеѓанец, кој го носи името на популарниот пребарувач веќе има 6 години.
@: Да, машко бебе од Кина е наречено токму по овој симбол, но сѐ уште не е познато дали Владата го одобрила ова име.
Виста: Четиригодишна Канаѓанка го носи името на оперативниот систем “Windows Vista”.
2.0: Оригинална замена за Џуниор или II. Во 2004 година двајца Американци го нарекоа своето бебе Џон Блејк Кјузак 2.0
Аннанова: Холанѓанка, која сега има 11 години, своето име го добила по тогаш популарен сајт.
Тренди: Името на малиот Англичанец кој се роди оваа година е изведено од “Trending Topics” на “Твитер”.
Иума: Многу деца од различни земји го носат ова име, тоа е акроним од ”Internet Underground Music Archive”.
Довахкин: Неодамна двајца Американци го крстија своето дете по јунакoт од видео играта „The Elder Scrolls V: Skyrim“.