Полицијата на Индонезија во Западна Џакарта одлучила да уништи три тона марихуана. Запалиле оган во близина на мал град, но тогаш задувал ветер во насока кон градот.
Полицајците биле опремени со гас маски и тие но ги чуствувале последиците од опојната дрога. Меѓутоа, новинарите и граѓаните ја немале таа среќа. Неколку стотини лица пријавиле вртоглавици, а тие најизложените и главоболки.
Повеќето од нив одеднаш биле многу подобро расположени.
И сето тоа се случило во земја во која, ако ве фатат со помалку од килограм марихуана добивате од 4 до 12 години затвор.
Но ако се „напушите“ на сметка на државата – никому ништо!