Владата на Норвешка планира да изгради тунел од 1,70 километри за бродови на својот западен брег со цел да се избегне тешкиот премин преку водата околу полуостровот Стад.
Крузерите исто така ќе можат да поминат низ тунелот кој ќе биде висок 37 метри а ќе го користат дури и најголемите патнички бродови и товарни линии како Hurigruten.
Лошите временски услови често го отежнуваат поминувањето на бродовите околу полуостровот, а овој проект ќе придонесе да се зголеми сигурноста и пловноста по водата.
Се проценува дека проектот ќе чини околу 115 милиони евра. Градењето би требало да започне во 2018-та година.