Додека во светот фуриозно се полнат киносалите за седмото продолжение на акциониот филм „Брзи и бесни“, група крeативни и духовити Полјаци си направија своја малку поинаква верзија на филмот.
Дејствието го сместија на фарма, а автомобили им се познатите „пезетка“, „пегличка“ и „трабант“.
Погледнете го трејлерот за нивната верзија на „Брзи и бесни“, па одлучете се кој од тие два филма би ги гледале.