Станува збор за супстанца со официјален назив 5-MEO-DMT, која се добива од телото на редок вид на жаба крекач – “Bufo Alvarius”.
Експериментот го водел докторот Октавио Ретиг, зад кој има долгогодишна работа на истражување на оваа супстанца, а патувањето заврши, или подобро кажано започна, во местото Пунта Чуека каде локалното население веќе со векови ја употребува оваа дрога.
Еден од најстарите жители во селото, Дедо Панчо, ја поведе екипата до “светиот” остров Тибурон, каде била направена посебна церемонија во рамките на која тимот на “Vice” за прв пат ја пробаа дрогата, за која тврдат дека е најсилната позната психоделична дрога во светот.