Станува збор за обично пенкало кое им е познато на сите, но, малкумина се запрашале зошто капачето има дупка.
Многу луѓе не обрнуваа внимание на неа, а во меѓувреме, ова решение ги спасува животите на повеќе деца. Конкретно повеќе од 100 деца, и неколку возрасни на годишно ниво.
Како е тоа можно?
Малите деца сакаат да ги вкусат сите предмети кои доаѓаат во нивните раце, особено помалите, кои целосно можат да ги стават во устата. И возрасните сакаат да го џвакаат капакот, кога размислуваат или се нервозни. Капачето може да се најде многу брзо во душникот и да го блокира дишењето.
Но таа дупка во капачето им помага на лицата да ја добијат потребната доза на кислород пред да пристигне брзата помош.
Одлуката беше поддржана од страна на речиси сите поголеми брендови на пенкала.