Од нападни реклами на адвокати до поштенски сандачиња како од филмовите во дворовите… Американците за овие работи сметаат дека се сосема нормални, но дел од нив на вас сигурно ќе ви изгледаат чудно.
Кои работи се типични за Американците:
– Верверички! Нив ги има насекаде во Америка, додека ние се радуваме кога ретко ќе видиме една или две во градскиот парк.
– Адвокатите се рекламираат неверојатно нападно. Од билборди до реклами на телевизија, ги има насекаде.
– Насекаде го имаат поставено американското знаме. Навистина си го сакаат.
– На забавите задолжително имаат пластични црвени чашки за пијалаци. Како да им станаа заштитен знак.
– Во дворовите на американските куќи има поштенски сандачиња, како на филмовите.
– На телевизија кружат тон реклами за лекарства, од антидепресиви до оние што одат само на рецепт.
– Улиците и паркинзите им се огромни.
– Во некои места во Америка нормално е да им се насмеете и да им кажете „здраво“ на луѓе кои не ги познавате, па дури и да ги прашате како се.
– На вечера во ресторан келнерите постојано доаѓаат и прашуваат дали е сè во ред, дали ви е потребно уште нешто.
– Порциите, без разлика дали се тестенини или место, се гигантски.
– Насекаде имаат клима уреди, наместени на многу ниски температури.
– Голем дел од Американците задолжително чуваат шишенца со разни таблети при рака.
– Кај и да одите треба да извозите километри и километри.
– Имаат по десетици вкусови од секој производ.
– Опседнати се со ледено студена вода, па ставаат коцки мраз дури и во зима.