По првиот меч од плејофот за место во Лига Европа, македонскиот шампион Вардар оствари голема предност против турскиот Фенербахче, со што направи голем исчекор кон историски пласман во групната фаза во Лига Европа.
Првиот гол за Вардар го постигна Тигран Барсегјан во 20-тата минута и со тоа му донесе водство на Вардар од 1:0.
Во обид на Топал да ја врати топката до својот голман, Идриз Камени, кого го лобуваше со глава и со тоа им поклони уште еден гол на Вардар во втората минута од судиското продолжение на второто полувреме (90+2), со што црвено-црните поведоа со два гола предност односно 2:0.
На крајот од натпреварот капитенот Бобан Грнчаров беше исклучен поради втор жолт картон со што Вардар остана со играч помалку. Покрај Бобан, црвен картон заработи и бразилецот Соуза од Фенербахче.