Некои газди, на своите работници им се заблагодаруваат со награда која ќе паметат до крајот на животот.
Кинескиот милијардер, 57-годишниот Ли Јунјуан, сопственик на компанијата “Tiens Group”, ги повел своите 6.400 работници на годишен одмор во Франција а за одморот платил 30 милиони евра.
Во Париз резервирал 140 хотели за четири вечери, а на своите работници им платил и туристички водичи, влезници за во Лувр и Ајфеловата кула, и патување со воз од Париз до Азурниот брег, каде на своите работници им резервирал хотели со пет ѕвезди во Кан и Монако.
Повеќето работници пристигнале од Кина, 5.400 од нив, а останатите од други делови од светот. Јинјуан ја одбрал Франција за да прослави 20 години од основањето на компанијата и соработката на неговата компанија со таа земја.