Македонскиот фудбалски вицепрвак Шкендија ги одреди цените на билетите за дуелот против Милан, кој ќе се игра на 24 август во Скопје. Од таборот на тетовскиот тим пристигна информација дека цените ќе бидат поделени во четири блока.
Најевтиниот билет ќе чини 400 денари, а ќе има влезници што ќе чинат и 600 и 800 денари. Најскапата карта ќе се продава за цена од 1.000 денари и тоа се за центарлните трибини на Северната и Јужната трибина.
Продажбата на билетите ќе започне вечерва, а ќе може да се купат на продажни места во Скопје, Тетово, Приштина и Тирана.