Ви здосади постојаниот фитнес тренинг? Пробајте нешто ново, пробајте да прескокнувате јаже. Но зошто да ги менувате вашите вежби? Верувале или не, оваа навидум детска игра може да ви го раздвижи телото!
Скокањето на јаже е интензивна кардио активност, која ќе ви помогне да ги обликувате сите мускули по телото, почнувајќи од рамената, преку задникот до нозете.
Со 45 минутно скокање се согоруваат до 1.300 калории. Поради тоа со оваа физичка активност лесно и забавно можете да се ослободите од вишокот килограми.
1. 10 минути прескокнување на јаже е еднакво со 8 минути трчање.
2. 1 вежба со прескокнување на јаже согорува 1.300 калории.
3. 10 минути прескокнување на јаже ги има истите благотворни дејства на телото како и 40-минутно џогирање.
4. Прескокнувањето на јаже ги активира сите мускули на телото.
5. Шансите за повреда во споредба со секој друг тренинг се многу мали.
6. Заборавете на скапите справи. Јажето трае со години и е многу евтино.
7. Скокањето на јаже е одличен начин да го стабилизирате крвниот притисок.
8. Подеднакво е корисно и за професионалци и за почетници.
9. Со прескокнувањето на јаже ја подобрувате флексибилноста на телото.
10. Редовното скокање го подобрува тонусот на мускулите и на горниот дел од телото.