Металот кој не фасцинира со децении, симбол на раскошот и моќта. Затоа не е чудно што серијалот „Јагма за злато” е најгледаниот серијал на Дискавери каналот. Новата, седма сезона по ред започнува со почетокот на годината, односно од 2 јануари во 22 часот.
Со доаѓањето на зимата во Клондајк, рударите во новата сезона ќе преземат уште поголеми ризици со надеж дека ќе пронајдат повеќе злато. Но, секој ризик не носи добивка. Потрагата по злато е тешка работа каде секој погрешен чекор може да ве чини милиони.
Младиот Паркер Шнабел, се враќа по рекордната златна сезона. Тажен почеток е тоа за Паркер по загубата на саканиот дедо и ментор Џон Шнабел. Водството на Паркер ќе биде ставено на тест додека се справува со многуте промени во животот. Во Клондајк му се придружува и новата девојка- Ешли и Паркер очекува сезона како никогаш досега. Се решава и на голема инвестиција од во историјата на својата работа и нарачува 600 илјади долари вредна машина за премивање на рудата направена по нарачка. Ќе биде ли ова доволно да го победи најголемиот ривал Тод Хофман?
Во меѓувреме и Тод Хофман презема ризик и ја сели работата од Клондајк во Орегон. Тод потрагата по злато ја продолжува во рудникот Хај Бар кој се наоѓа високо во планините. Во новата сезона Тод си поставува амбициозна цел да ископа 142 кг злато или 57 кг повеќе од било кога што ископал. Но, со првите резултати кои се далеку под очекувањата, Тод започнува да се прашува дали направил голема грешка. Ќе го означи ли оваа сезона крајот на Хофман и неговиот тим.
Легендарниот рудар на Клондајк- Тони Битс, познат по прекарот „The Viking”, вложува 2 милиони долари во нов багер, двојно поголем од првиот. Минатата година луѓето мислеа дека полудел вложувајќи во неговиот прв багер, но сега Тони се надева дека ќе го постигне невозможното.