Наликува на камп-приколка но е поблиску до подвижна викендичка.
Поседува јајцевидна форма со димензии од 2.5 метри ширина и 4.5 метри должина и нуди авантуристички живот, без притоа да морате да се откажете од комфортот што го имате дома, како што е топла вода или струја.
The Ecocapsule располага со 750-ватна ветерна турбина која по потреба се собира/отвара и соларни панели со површина од 2.6 метри квадратни. Дури располага и со батерија, за да не останете без удобноста во облачните денови.
Под подот има резервоар кој ја собира водата од дождовите, како и утринската роса. Оваа вода потоа поминува низ мембрански филтер кој ги отстранува бактериите по што можете да ја користите за дневна употреба.
Оваа викендичка на тркала има тоалет, туш, мини-кујна, кревет и маса. Ѕидовите се добро изолирани, а има и полнач со кој ќе можете да го полните вашиот електричен автомобил, под претпоставка дека такви ќе има во иднината) додека го возите и ја влечете приколката.