Во тек е продажбата на билетите за натпреварот Вардар – Фенербахче во рамките од плеј-офот од Лигата на Европа.
Од клубот уште еднаш сакаат да ве информираат за попустот од 50% за секој фан на Вардар кој што ќе сака да го следи мечот идниот четврток. Билетите со попуст чинат 1.000, 1.250 и 1.500 денари.
За да се искористи овој попуст, секој купувач на билети ќе треба да приложи:
Вардар ПАС билет, или
еден билет од натпревар од минатата сезона, или
еден билет од натпреварите со Малме или со Копенхаген во ЛШ.
Уште еднаш потсетуваме дека билет ќе се купува само со покажување на лична идентификација (пасош, лична карта). Со покажувањето на документот за идентификација, автоматски ќе се види и присуството на еден од минатите натпревари, при што ќе биде одобрен истиот попуст за секоја од трибините на навивачите на Вардар.
Дојдете на „Телеком Арената“ на 17 август и да навиваме за Вардар.