83-годишниот индиец Јани тврди дека не јадел и не пиел ништо во текот на 75 години. Индиецот живее во пештера без никаков вид на храна или вода.
Тој тврди дека го напуштил домот на 7 години, за да бара духовна мистерија, со која би бил благословен од 3 хиндуистички божици.
– Три божици ми се јавија и ми наредија да ги следам. Кали, Лакшми и Сарасвати. Се согласив и прашав: “Што ќе кажете за мојата храна?” Тие ставија прст на моите усни и рекоа: “Не мора да се грижиш за храната”. Бев на 7 години, и од тој ден јас престанав да јадам и да пијам.
Наводите му се научно истражени од тим од 30 експерти преку различни тестови во болница.
Тие го ставиле го под 24-часовен мониторинг пред камери и утврдиле дека тој не прифатил никаков вид храна или вода во последните 15 дена.
– Ние веруваме дека состојбата на Прахлад Јани е резултат на медитација и јога во целосно природна средина – изјавил неврологот д-р Судхир Шах.
Лекарите во Индија веруваат дека оваа појава е поврзана со Амрита чакра (третото око). Епифизата прифаќа врскаа на човечкото тело со подлабоки сфери на мислата, или како прозорец кон други мери. Со пpoчиcтување нa eпифизaтa и дyxoвните вежби како мeдитaција и визyaлизaција мoжe дa ce пocтигнe пpocвeтлување – пoвиcoко ниво на духовност и сознание.