Ве мрзи да одите да си купите за јадење? Тешко ви е да го исчистите нередот во својата соба? Попрво би се криеле под јорганот, наместо да прошетате низ град на убав зимски ден? Имате ли јасни симптоми на тешка мрза?
Од најголемите мрзливци на светот до сите оние кои имаат тенденција да се запишат во тешката категорија на мрзеливи луѓе следат 10 златни правила. Ако ве мрзи, нека ве мрзи со стил.
1. Koлку подалеку е далечинското од телевизорот, толку повеќе ти се допаѓа она што е на тв.
2. Ако имаш нешто да кажеш повеќе од еднаш, не е вредно да се троши енергија.
3. Ако истуриш вода, остави ја. Ќе се исуши сама.
4. Не го полни телефонот додека не ти преостануваат само 5%.
5. Ако не е на првата страна од пребарувачот она што го бараш – не постои.
6. Стисни Accept пред да ги прочиташ “Terms&Conditions”. Не вреди да трошиш време на читање.
7. Ќе ти кажам подоцна…
8. Ако доцниш, не оди…
9. Зошто да го местиш креветот наутро, кога вечер пак ќе го растуриш?
10. Ако ти падне коцка мраз, скриј ја под фрижидерот.