На „Телеком Арена“ во Скопје вчера се судрија најголемите европски клубови Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед во рамките на европскиот Суперкуп.
„Кралскиот клуб“ славеше со 2:1 и ја освои четвртата титула од европскиот Суперкуп, а пред почетокот на натпреварот, Македонија се погрижи за прекрасна церемонија на отворање на фудбалскиот спектакл.
Се играше традиционалното македонско оро, а дечињата со оштетен слух од училиштето „Партенија Зографски“ ја изведоа песната A Sky Full Of Stars за комплетно уживање на публиката на стадионот, но и на малите екрани – спектакл кој се пренесуваше во 216 земји и се проценува дека го гледаа над милијарда луѓе ширум светот.