Од денес започнува продажбата на билети за натпреварот од плеј-офот од Лигата на Европа помеѓу Вардар и Фенербахче кој што ќе се игра на 17-ти август на „Телеком Арената“ во Скопје.
Цената на билетите ќе изнесува 2.000, 2.500 и 3.000 денари.
Имателите на Вардар ПАС билети, оние гледачи кои беа пристугни на натпреварите со Копенхаген или Малме во ЛШ, и оние кои што ќе приложат билет од некој од минатосезонските натпревари на ФК Вардар, имаат 50% попуст при купување на билет. За нив билетите ќе чинат 1.000, 1.250 и 1.500 денари.
При купување на билет, секој ќе мора да приложи документ за идентификација (лична карта, пасош).
Поради големиот интерес и од безбедносни причини, јужната трибина на „Телеком Арената“ ќе биде резервирана за навивачи на Фенербахче. Навивачи на Вардар и неутрални гледачи, можат да купуваат билети само за западната и за северната трибина од стадионот.