Во очајнички напор да ја зачува главата, една крава побегнала од кланица во Франција и успеала да избегне смрт, со што стана хит на Интернет.
Избезуменото животно побегнало низ ходниците на зградата и излегла надвор. Нешто подоцна е пронајдена во дворот на блиската болница, каде е успиена, што ја спасило од „егзекуција“, со оглед на тоа дека поради инекцијата месото станало неподобно за да се употребува за храна.
Кравата е наречена Корне (Мал рог) и ова животно „кое не сакало да умре“, станало хит на интернет.
Стефан Ламар, лидер на групата за заштита на животните, собрал 1.500 евра за откуп на кравата.
– Оваа крава е симбол. Таа е доказ дека животните имаат чувства и свест и оти можат да доживеат стрес и да ја почувствуваат смртта. Сакавме да и дадеме уште една шанса – објаснил Ламар.
Благодарение на организацијата за заштита на животните, една млада крава во иднина ќе живее мирен живот на село, далеку од месарскиот нож.