Во пресрет на есенскиот Саем за автомобили во Франкфурт, автомобилскиот гигант Mercedes-Benz официјално го претстави својот нов AMG C63 Coupe, кој ќе биде една од главните ѕвезди на нивниот изложбен простор.
AMG C63 Coupe ќе се движи на 4. литарски twin-turbo V8 мотор, кој развива 476 КС и 650 Nm најголем обртен момент. Преносот на силата се извршува преку 7. степен AMG SPEEDSHIFT MCT менувач, а автомобилот од 0 до 100 km/h пристигнува за 4 секунди. Максималната брзина е електронски ограничена на 250 km/h, но купувачите ќе можат со опциониот пакет AMG Driver да добијат неограничена верзија која ќе развива 290 km/h.
За љубителите на адреналинот, Mercedes подготви уште помоќна верзија од возилото која се крие зад ознаката AMG C63 S Coupe. Во овој случај 4-литарскиот V8 мотор развива 510КС и 700 Nm обртен момент. Податоците за максималната брзина остануваат непроменети, но забрзувањето од 0 до 100 km/h е подобрено за 0,1 секунда.
Во сооднос со можностите на моторот, Mercedes AMG C63 Coupe е опремен и со спортска нагодувачка каросерија и проширени тркала, а видлива е и негативната косина на тркалата. Автомобилот исто така поседува ограничена блокада на задниот диференцијал и посебни носачи на моторот.