Денес започнува “Недела на ајкулите” 28 година по ред. Дружете се со ајкулите секој ден точно во 23 часот.
Распоред на премиери:
Понеделник, 23 часот-Островот на големото морско куче
Џеф, Енди и Дики, експерти за ајкули, патуваат на вулканскиот остров Гвадалупе во Тихиот океан и со помош на нови методи и технологија и трагаат за некои од најголемите ајкули во светот.
Вторник, 23 часот- Големата бела невеста
Следете ја потрагата по најголемата бела ајкула.
Среда, 23 часот- Враќањето на белиот сериски убиец
Екпертите Ралф и Брендон ги бараат одговорите врзани за најголемите напади од ајкули. По два фатални напади во 2010 и 2012, експертите се прашуваат дали истата ајкула ќе нападне повторно и зошто?
Четвроток, 23 часот- Кубанското морско куче
Експедицијата која трага по ајкули ги обединува американските и кубанските научници во заедничка потрага во се уште не истражените делови на светот. Режисерот Иан Шив и тимот истражувачи тргнуваат во Хавана да посведочат на 6 метарската ајкула “El Monstruo”.
Петок, 23 часот- Вонземски морски кучиња: блиски средби
Научникот Пол Клеркин се служи со најновите методи и технологии за да ги истражи морските кучиња и да се приближи на некои од најнеобичните ајкули во најдлабоките делови на океанот.
Сабота, 23 часот- Чудовиштето Мако
Научниците тргнуваат на експедиција да го истражат видот Мако, малку познат вид кој живее во Мексичкиот залив.
Недела, 23 часот- Патеките на ајкулите
Зошто заливот на Флорида е новата жешка точка за големи бели ајкули во Атлантикот?