Вагите се личности кои никогаш не започнуваат кавга, секогаш сакаат долго да разговараат и да ги надминат сите недоразбирања.
Понекогаш се преправаат дека сѐ е во ред, бидејќи не сакаат да создаваат проблеми. Сакаат да ги решаваат пред да настанат и никогаш нема да бараат премногу од вас.
Вагата никогаш нема да зборува лошо за вас. Таа е личност која сака да го види најдоброто во луѓето, а кога нема да успее во тоа, едноставно не троши повеќе време со таа личност. Сепак, доколку ве засакаат, Вагите секогаш ќе го видат најдоброто во вас, дури и кога не се сакате себеси и кога мислите дека целиот свет е против вас. Вагата ќе биде тука до вас, во тие моменти. Тие ќе ја прифатат секоја страна која ја имате, дури и лошите. Ќе бидат во вашиот живот дури и кога другите ќе си заминат. Со време ќе научите дека ништо не ги плаши, ако сакаат да бидат со вас.
Тие ќе ве почитуваат и ќе се грижат за вас и секој ден ќе се обидуваат да стават насмевка на вашето лице. Се грижат понекогаш дури и премногу за туѓата среќа многу повеќе од својата. Ќе ви пратат убава порака наутро. Ќе започнат убав разговор со вас и ќе бидат најубавиот дел од вашиот ден.
Кога ќе почнат да ви веруваат, меѓу вас ќе постои поврзаност и љубов како ниту една друга. Што и да се случи, таквата љубов ќе ја паметите долго.
Тие ќе ви покажат дека сте подобри отколку што мислите дека сте, ќе ви помогнат да ги победите своите несигурности и секој ден ќе ве потсетуваат дека веруваат во вас. Ќе бидете центар на нивното внимание. Ќе се обидат секој ден да ве направат најсреќната личност на светот.
Вагите ќе ви дадат милион шанси. Ќе ве разберат секогаш и секогаш ќе го гледаат најдоброто од вас. Но, ним им треба заштитник, некој кој исто така ќе верува во нив и ќе им помогне да бидат заштитени од сите оние кои се обидуваат да ги наштетат или да ги повредат. Тоа е така бидејќи Вагите им веруваат на луѓето.
Со нив ќе ја создадете најубавата љубовна приказна и тие ќе бидат љубовта која никогаш нема да ја заборавите.