Можете ли да си замислите модерен град без неонско освлетление? Тој начин на илуминации и рекламирања на производите стана толку популарен, што го освои целиот свет. Што е тоа неонско освлетление? Неонот е гас. Во 65 000 делови воздух се наоѓа еден дел од неон.
Меѓутоа, иако се наоѓа во толку мали количества, неонот се добива од воздухот и се користи за електрични реклами. Во 1898 година Вилијам Ремзи и М.В. Трејверс, Англиски хемичари, дестилирале течен воздух и тогаш откриле дека преостанува едно мало количество гас. Тие го нарекле “неон„, што значи “нов„.
Неонот е гас без боја, вкус и мирис. Тој им припаѓа на така наречените “инертни гасови„. Како хелиумот и другите потешки гасови, неонот не се спојува со ниеден елемент и затоа се наоѓа само во слободна состојба. Неонската светилка го содржи тој гас, низ кој поминува електричната струја. Кога струјата, што ја сочинуваат електроните во дружење, ќе помине низ неонот, електроните се судираат со атомите на гасот и еден дел од својата енергија пренесуваат на нив. Во нормална состојба електроните кружаат околу атомското јадро. Меѓутоа, кога ќе дојде до судир, некои од тие електрони бидуваат исфрлени од своите вообичаени патеки. За атомите што имаат такви нарушени електрони велиме дека се во “поттикната состој“.
По кратко време поттикнатите атоми го губат вишокот на енергија и се враќаат во нормална состојба. Кога ќе се случи тоа, се создава мало количество на светлина.
Таа светлина е црвеникавопортокалова. Како и сите други црвени зраци, таа пробива низ густата магла и низ атмосферата многу полесно од сите други бои.
Ако додадеме сосема мало количество жива, ќе добиеме светлосина боја. Кога ќе ги комбинираме ретките гасови, како што се хелиумот и аргонот со неонот ќе добиеме светлечки реклами во сите можни бои.