Луѓето честопати лажат за да избегнат несакани ситуации или да сокријат нешто и да добијат некоја корист. За да се откријат лагите во некои од најважните процеси како што е на пример студската постапка или откривањето на криминалците, често пати се користи полиграфот – помагало наменето за откривање кога некој лаже.
Како функционира детекторот за лаги?
Детекторот за лаги, т.е полиграфот, се користи при испитување на осомничени лица. Кога лицето ќе се поврзе со полиграфот, него му се поставуваат одредени прашања со цел да се дојде до вистината или барем да се открие лагата.
Тогаш полиграфот следи како се однесува испитаникот. Погрешно е да се каже дека полиграфот може да препознае и открие лага. Тој прави нешто друго.
Кога ја кажуваме вистината нема потреба и не постои причина зошто би биле немирни. Доколку немате намера да скриете нешто, во текот на испитувањето би требало да бидете целосно мирни и сталожени, а тоа може да се забележи по начинот на кој се однесувате начинот на кој дишете и каков ви отчукува пулсот.
Полиграфот всушност може да детектира промени во организмот кај осомничениот кога ќе дојде до непосакувани прашања, на кои може да се одговори вистинито или да се излаже.
Кога испитаникот ќе започне да се однесува различно, односно кога отстапува од дотогашниот начин на кој се однесувал, детекторот на лаги може да ги прикаже овие промени.
Што мери детекторот за лаги?
Детекторот е составен од повеќе медицински уреди кои се користат за да се „измерат“ промените кои се случуваат во телото. Тој ги мери отчукувањата на срцето, крвниот притисок, дишењето и електродермалната активност, односно потењето кое најчесто е изразено на дланките и прстите.
Дали може да се измами детекторот за лаги?
Луѓето на различни начини се обидувале да го измамат детекторот за лаги во текот на испитувањето како на пример земање на различни седативи за да останат мирни до крајот на испитувањата или ставање на дезодоранс на прстите за да не потат, би избрале облека која не покажува несоодветни и неочекувани движења на телото и слично.
Оној кој што и самиот е убеден и верува во тоа што го кажува тој има поголеми шанси да успее да го измами детекторот за лаги.