Кавос е грчко летувалиште кое стана познато и атрактивно по лудите журки, но на жителите на ова опуштено гратче на Крф преку глава им е од туристите кои се толку пијани и развратни што местото веќе го викааат нова „Содома и Гомора“.
За да се заштитат од натамошните глупирања на туристите, пред се оние од Британија кои се однесуваат како пуштени од ланец и незнаат што прават, мештаните креираат Фејсбук страница на која ги објавуваат сите нивни глупости.
Страницата “Turns out Kavos was ready for you”, стана толку популарна што дури и самите туристи си постираат откачени фотографии од своите луди ноќни забави.