Цртежите на децата од Сирија најдобро го отсликуваат сиот хорор и ужасот во кој што секојдневно живееле. Наместо куќички, цвеќиња и дрвја, овие деца цртаат пушки, експлозии и смрт.
Голем број на сириски деца кои што некако успеале да побегнат од крвавата граѓанска војна која што во нивната земја беснее од 2011-та година, се сместени во детски центар за рехабилитација во Истанбул, Турција.
Бомби, пушки, мртви луѓе, тага… сите овие слики се врежале во меморијата на овие невини деца, ситуации со кои што речиси секојдневно се среќавале од 2011-та година до ден денес.
– Цртежите ни покажуваат една лоша работа. Војната е постојано во мислите на децата“, изјавил турскиот психолог Тугба Озтурк додека пак од центарот за рехабилитација, Ребека Спенс вели: „Војната би можела да има сериозни последици на една цела генерација на деца кои што ќе се соочуваат со долготрајни психолошки проблеми“.
„Децата покажуваат напредок. Некои го цртаат Спајдермен, а некои Power Rangers кои што вообичаено спасуваат некој град. Тие се деца во кои што сепак посто надеж“, изјавил Озтурк.