Џошуа Кауфман има 87. години, а пред точно 70 години се наоѓал во логорот Дахау во Германија.
Подоцна бил ослободен од страна на американскиот војник Даниел Жилеспи кој го ослободил од ужасот на германските злосторства.
И по 70 години емоциите кои ги преплавиле двајцата старци биле толку силни што речиси можеле да се видат во воздухот.
Кауфман гордо го гледал својот спасител, воениот ветеран Жилеспи. Средбата на старите познаници ја договорил режисерот Емануел Ростин, кој во рамките на својот документарен филм „Ослободители на Дахау”, ставил посебен акцент на оваа приказна.
-Сакав да го направам тоа цели 70. години. Те сакам. Многу те сакам – му рекол Евреинот Џошуа Кауфман на Жилеспи.
Во тоа време, Кауфман бил заробеник принуден на целодневна тешка работа во фабрика за оружје. Неговата мајка и тројцата браќа, биле убиени во Аушвиц.
-Кога видов знаме кое не е германско, помислив дека станува збор за фатаморгана. Не можев да верувам дека на мачењето му дојде крајот. Срцето ми чукаше како никогаш до тогаш. По неколкугодишниот пекол, конечно видов светлина – објаснува Кауфман.