Компанијата ОНЕ излезе со соопштение дека гледачите на БоомТВ продолжуваат да ја следат програмата на Fox, Fox Crime, Fox Movies, 24 Kitchen и Sport Klub каналите.
– Во тек е регулирање на лиценците за емитување согласно новите барања на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) и очекуваме тоа да биде завршено во најкус можен рок, без да дојде до исклучување на споменатите ТВ канали. Со истата постапка работиме и на враќање на Foх Life I National Geoographic каналите – велат од ОНЕ.
Од таму додаваат дека ниту еден канал на платформата на БоомТВ не е реемитуван без соодветна дозвола од ААВМУ.
– На ААВМУ при регистрација на ТВ програмите и се доставува соодветниот договор со имателот на ТВ правата како и неговата дозвола за креирање на ТВ содржини издадена од соодветниот регулатор во државата во која е регистриран – стои во соопштението од ОНЕ.