Тес Кристијан која сега има 50 години отсекогаш има кемен израз на лицето додека нејзините пријателки не престануваат да се смеат.
Таа дури и не дозволува ни наговестување на насмевка, ниту барем благо искривување на усните.
На Тес не и недостасува хумор, туку таа веќе 40 години се држи до својата одлука да не се смее, ниту барем малку да се насмевнува, а тоа не го направила ни додека ја раѓала својата ќерка.
Одлучила да го направи тоа затоа што сака да го задржи таканаречениот “покер израз” кој, како што смета таа, е клучен за нејзината младоликост.
– Немам брчки, бидејќи научив како да ги контролирам мускулите на своето лице- вели таа.
Открива дека сите ја прашуваат дали користи ботокс.
-Никогаш не сум го користела. Моето лице е вакво затоа што не се имам насмеано од кога бев тинејџерка. Мојата посветеност на крајот се исплатеше, немам ниту една брчка. Мојот изглед е природен и не ми е потребен никаков ботокс или разни скапи креми – вели Тес.