За одгледувањето на марихуана е потребно многу топлина, а сите оние кои што одлучиле своите илегални фарми да ги сместат на поткровјата од своите домови, наместо во подрумите, оваа зима сфатиле дека и тоа како погрешиле.
Така, куќите на чии што покриви снегот брзо се топи и кратко се задржува, во себе често кријат многу повеќе од адаптирано поткровје и лоша изолација, па само во изминатите 20 дена, додека ширум Холандија се изведени десетици успешни рации.
– Нема снег на покривот на вашиот сосед? Пријавете го тоа во полиција затоа што внатре може се крие илегална фарма за канабис -било наведено во статусот објавен на Твитер од страна на полицијата во градот Харлем.
Благодарение на сувиот покрив, во Зутфен пред неколку дена била пронајдена мала фарма со 88 билки, додека во Арнхем во средата биле изведени две рации во рамките на кои што биле уапсени повеќе десетици луѓе.
Но, најголем плен по дојава од соседите за “сомнителен покрив” имала полицијата во Амерсфорт – 500 растенија вредни повеќе од 50.000 долари.
– Полицијата одлучи да спроведе истрага затоа што покривот беше целосно сув, додека на сите останати куќи во улицата имаше снегистакнал портпаролот на полицијата.
Како и да е полицајците во текот на изминатиот период често добивале и повик за упад во куќи во кои што на крајот било откриено дека станува збор само за уште една соба плус во домот.