Главен фактор кој го спречува започнувањето на Третата светска војна е рускиот систем кој овозможува, како одговор, да се нанесе нуклеарен удар дури и во случај на потполно уништување на командните места и сите комуникациони линии. Станува збор за системот “Периметар” кој САД го нарекле “Dead hand”.
Станува збор за систем наменет за автоматско управување со масовен нуклеарен удар и представува алтернативен систем за командање со нуклеарните сили на земјата.
Работата на системите гарантира одмазда во случај на напад откако по наредба прибира и анализира различни информации поврзани со сеизмичка и радијациска активност, информации поврзани со атмосферски притисок, информации за интензитетот на радиосообраќајните воени фреквенции и слично.
Владиир Јаринич, еден од проектантите на овој систем, призна дека постои сигурен начин како овој систем да се исфрли од колосек.
Во време на мир, Периметар е во состојба на мирување, може да се каже дека спие, притоа не престанувајќи да анализира влезни информации. При добивање на сигнал за узбуна од страна на СПРН, РВСН и од други системи, стартува мониторинг мрежата на детектори за откривање знаци за нуклеарна експлозија.
Пред да се стартува алгоритамот за удар за одмазда, Периметар го проверува постоењето на четири услови. Прво, дали дошло до нуклеарен напад а потоа проверува дали постои врска со Генерал штабот. Доколку врската постои, системот се исклучува. Доколку Генералштабот не одговара, системот се обраќа до Казбек. Доколку и од таму нема одговор системот правото за лансирање му го праќа на командниот бункер. Дури после тоа, започнуваат одмазничките дејствија.