Откако едно детенце изело половина конзерва забележало нешто темно во неа.
– Кога добро погледнав видов дека е бубашваба – раскажува пензионер од Шабац – Србија.
– Купив сардина од сериозен ланец на маркети. Кога ми дојде внукот кој обожава сардини ја отворив конзервата и му дадов да јаде. Детето одма се нафрли на јадење и кога изеде повеќе од пола видов нешто темно во конзервата. Откако видов подобро забележав дека во конзервата всушност има бубашваба. Не смеев на детето ништо да му кажам, знам дека се плаши од бубачки – раскажува Слободан.
Од компанијата која е увозник на спорната сардина тврдат дека не е можно да имало буба шваба во сардината.
– Никогаш до сега не сме имале таков случај. Производството е на високо технолошко ниво, и голема е контролата за квалитет – изјавиле од компанијата.