Откако Ешли Џирон забележала дека некој пребарувал по контејнерот за ѓубре зад сендвичарата, седнала на компјутерот и ја напишала следнава порака:
– До оној што пребарува по ѓубрето за да најде храна…
Ти си човечко суштество кое вреди многу повеќе од оброк од контејнер. Те молам влези додека сендвичарата работи и ќе ти дадеме сендвич, свеж зеленчук и чаша вода, бесплатно. Ништо нема да те прашаме.
Пораката веднаш се рашири по Reddit и Instagram, привлекувајќи поддршка и честитки за нејзината широкограда постапка.
– Мислам дека сите сме биле во позиција кога ни била потребна нечија помош и кога доволно било само некој да испружи пријателска рака. Ако јас можам да бидам личноста што ќе ја испружи таа рака, тогаш дефинитивно ќе го направам тоа – вели Ешли за медиумите.
Човештвото толку многу изгубило надеж што секое добро дело станува вирален хит. До таму ли стигнавме?