Харман Синг, припадник на сикизмот, преку ноќ станал планетарно познат поради несебичниот гест кој воодушевил многумина.
Имено, тој прекршил строго религиско правило за да му помогне на едно повредено дете. Тој го извадил турбанот од глава, што инаку е строго забрането, и го ставил под главата на повреденото 5-годишно дете.
22-годишниот Синг седел дома, кога во еден момент слушнал сообраќајна несреќа. Веднаш истрчал надвор и го видел повреденото дете.
-Го видов детето како лежи, а една жена го држеше. Главата му крвареше. Го извадив турбанот и го ставив под неговата глава- раскажал Синг.
Синг вели дека воопшто не размислувал за турбанот.
– Беше потребно да му се стави нешто под главата бидејќи премногу крвареше. Моја работа беше да му помогнам, а верувам дека секој би го направил истото – рекол скромно Синг.
Humanity wins over religion!! #Harman Singh removed his turban to save a child who met with accident pic.twitter.com/bOxhqtuydf
— Monika Sharma (@monixsharma) May 17, 2015